SlXi

/SlXi
SlXi 2017-10-14T10:47:58+00:00

Избери, поврзи, контролирај. Имајте доверба дека SLXi ќе ги надмине вашите очекувања.

Гамата на SLXi е резултат на многу илјадници часови истражување. Но, ние не се ограничивме само на лабораторијата. Наместо тоа, разговаравме со стотици транспортни компании и анализиравме податоци од над илјада единици во секојдневна употреба. Добиеното знаење ни овозможи да ја развиваме докажаната SLX платформа за да одговориме на повеќе ваши потреби, и понатаму да ги надминуваме вашите очекувања и едноставно да ви служиме подобро.

Горивото обично претставува повеќе од половина од вкупните трошоци за сопственост. Замислете што може да направи намалувањето од 10 до 20% на потрошувачката за вашиот буџет.
SLXi ви овозможува драстично да ги намалите трошоците за гориво.

За ефикасно управување со вашата флота вам ви е потребна целосна контрола на состојбата на единиците и товарот, на вашата локација и во движење. Решивме да ја направиме SLXi првата целосно "телематски подготвена" единица со инсталирање на нашиот прв TK BlueBox комуникациски уред на секоја единица.
Вие ќе бидете во можност да се поврзете во секое време, насекаде.

Вие инсистиравте на највисоките стандарди за квалитет, сигурност и поддршка за целосена ваша безгрижност. Го усовршивме нашиот дизајн за да го намалиме стресот на клучните компоненти, да го продолжиме животниот век и да ги намалиме трошоците за одржување.
Можете да ни верувате дека и понатаму ќе испорачуваме со највисоките стандарди.

SLXi е понуден како широк спектар на единечни и мулти-температурни единици, прилагодени со подобрувања на перформансите, за да ви ги прецизираат можностите што ви се потребни за вашиот бизнис.

SLXi 100 | SLXi 200 | SLXi 300 | SLXi 400 | SLXi Spectrum

За повеќе информации за единиците и моделите од гамата, превземете го PDF документот и запознајте се со деталите.

Превземете го PDF Документот за Сите SLXi Производи Превземи

Интелигенција и 24/7 поврзување како стандард

-Целосно поврзување со новиот TK BlueBox комуникациски уред, вклучувајќи Bluetooth®

Секој SLXi доаѓа со TK BlueBox комуникациски уред и Bluetooth® како стандард, што го прави прв во индустријата целосно опремена со телематика. Развиена од Термо Кинг за транспортната индустрија, TK BlueBox е дизајниран според децениски докажани дизајни и искуство на терен. Имајќи целосна поврзаност значи пристап до протокот на критични податоци кои вас требаат за проактивно да управувате со комплексноста на модерната флота.

Секој SLXi има Bluetooth® за бесплатно да комуницирате преку вашиот паметен телефон или таблет. Лесно се инсталира на уреди со iOS или Android. Мобилната услуга е достапна со претплата.

Имајќи информации во реално време значи дека можете да гледате и да ги следите

  • Статусот, повратен и неповратен воздух,
  • Статус на врата,
  • Статус на гориво,
  • Аларм статус,
  • Работен режим,
  • Локација на дилерите и информации за контакт.

Секој SLXi има двонасочна комуникациска способност. Сега можете да се поврзете и да управувате со вашата единица каде и да сте.

Да се биде во контрола од далечина значи дека можете

  • Стартувате или угасите уредот,
  • Промените зададената температура,
  • Да активирате одмрзнување,
  • Изведете проверка,
  • Избришете аларми,
  • Промена на режимот на работа (Континуирана работа / Сентри циклус).

За повеќе информации за единиците и моделите од гамата, превземете го PDF документот и запознајте се со деталите.

Превземете го PDF Документот за Сите SLXi Производи Превземи

Минимизирајте ги вкупните трошоци за сопственост

Единицата за ладење, како и секоја капитална опрема, мора да испорача поврат на инвестицијата што се квантифицира при пресметување на вкупните трошоци на сопственост (TCO).

  • Вообичаено, горивото завмзема повеќе од 50% од трошоците во период од 7 години. SLXi е рафиниран за да се испорача значителни заштеди од 10-20% * во просек, во споредба со веќе импресивниот претходник.
  • Трошоците за одржување може да се намалат и да бидат предвидливи со избор на договор за услуги, како што се оние кои се нудат под Термо Кинг банерот.
  • Набавната цена е највидливиот дел од трошоците, но не и најголемиот. Купувајте мудро а не ефтино. Платената цена покрива многу повеќе од материјалното средство на самата единица. Таа, исто така, ја покрива услугата, квалитетот, сигурноста, иновативноста, доверливоста и многу повеќе.
  • Оперативните трошоци може да се намалат со внимателен избор на вистинскиот оперативен профил за секој товар. Термо Кинг дилерите имаат значителна експертиза во оваа област.
  • Подобрувањата во продуктивноста може да се реализираат со помош на алатките за управување со возниот парк овозможени со TK BlueBox телематичка поврзаност, сега стандардна за сите SLXi единици.
  • Препродажната вредност на опремата на Термо Кинг е легендарна. Очекувајте користени приколки опремени со SLXi да се продаваат побрзо од конкурентните единици и по подобра цена.

*Во зависност од оперативните профили

Повеќе детали за производите, функциите и опциите кои ги содржат, покриеноста со гаранција, времетраењето и продолжениот сервисен интервал како и повеќе детали за можностите кои ги нудат производите кои ве интересираат, а Thermo King може да ги обезбеди, се наоѓаат во PDF документот.

Превземете го PDF Документот за Сите SLXi Производи Превземи